Kapaкачанов без paкавици дo 3aeв: Знaeме кадe cи плaќaл – Гo cпoмeна и Вepyшевски, Димoвcки, Бaшaновиќ и Обpaдовиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ИФИМЕС и е познат на јавноста по отворените лобирања преку анкети, трибини и други начини за Заев и СДСМ – пред да дојдe на власт но и потоа. Имено во предреферендумскиот период ИФИМЕС објави анкета дека околу 64 проценти Македонци ќе излезат да гласаат, што потоа не се случи.

Македонската јавност дури по две години во 2019 дозна дека Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана (ИФИМЕС), во јули 2017 потпишал договор со Владата тежок 1.000 евра месечно.

Премиерот Зоран Заев го ангажирал ИФИМЕС за „собирање и обработка на информации за конфликтите во светот“ и Институтот ова ќе го работи до летото 2020, што практично значи дека Владата ќе му плати на словенечкиот Институт вкупно 36.000 евра за тригодишната соработка.

Mеѓу надворешните соработници на 3aeв, кои во целиов период ѝ беа познати на јавноста, е и првиот човек на ИФИМЕС, Зијад Беќировиќ.

Меѓутоа при пребарување на членовите на управните тела на ИФИМЕС констатира дека Беќировиќ не е единствениот надворешен соработник на Заев поврзан со словенечкиот Институт. Цело време на списокот на соработници на Заев се и Аљаф Бакхатијар и словенечкиот професор Владо Димовски.

ИФИМЕС неретко „анализираше“ со пофални текстови за 3aeв, изминативе неколку години со наслови како „Со политиката на Зоран Заев, С. Македонија од „држава-случај“ стана „држава-пример“ во регионот“.

-Промените од политичка, дипломатска и поширока општествена парадигма во Македонија се започнати пред три години кога лидерот на СДСМ Зоран Заев започна низа демократски промени и процеси, кои доведоа до нови позитивни слики во оваа по многу фактори специфична балканска држава. Актуелната владејачка политичка гарнитура успеа да спроведе мирна смена на власта/режимот кој незаконски прислушкуваше повеќе од 26.000 граѓани и изнесе од таа држава според проценките најмалку пет милијарди евра. Интеграциската парадигма на Зоран Заев и силниот меѓународен ангажман доведоа до неколку значајни исчекори. Потпишан е Договорот за добрососедски односи со Бугарија, донесен е закон за унапредување на употребата на јазикот на другите етнички заедници, потпишан е и имплементиран Преспанскиот договор со Грција, кој овозможува деблокада на интеграциските процеси“, се вели во анализата.

И екс специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева која беше осудена во случајот „Рекет“ доби признание за најдобар шеф на обвинителство на Балканот, а Специјалното јавно обвинителство го доби признанието „Најдобро обвинителство на Балканот“.

Но она што ја налути соседна Бугарија е последната анализа на институтот платен со државни македонски пари, анализа во која директно се напаѓа Бугарија.

„Блокирајќи го интегративниот процес на Северна Македонија, Бугарија го блокира интегративниот процес на сите земји од Западен Балкан во ЕУ. конкретен повод за неспокој е информацијата дека Бугарија планира да примени таква блокада и во однос на српскиот пат кон ЕУ. Поради горенаведеното, Бугарија е ‘грдото лице на ЕУ’“, констатира Институтот.

ИФИМЕС за тоа директно ја прозива партијата на Бојко Борисов, оценувајќи дека „преку ГЕРБ мафијата институционално стана дел од ЕУ“!

„Бугарија има нераскинливи врски со Москва, но прима финансиска поддршка од Брисел“, се додава во анализата, во која се вели дека најсиромашната членка на Унијата, на пример, од нејзиниот буџет во 2018 година добила 2,169 милијарди евра, а уплатила само 487 милиони. Покрај тие пари, од 2014 до 2020 година Бугарија од европските фондови за кохезија примила дополнителни 1,863 милијарди евра.

Денес во врска со скандалот на социјалните мрежи се огласи и бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов кој истакна дека бугарската држава поседува докази за финансирањето на како што обвинуваат „антибугарската“ кампања.

Наместо да се извинат вели Каракачанов во своето обраќање на Фесјбук, тие се обидуваат да ја изиграат Бугарија.

Каракачанов во својата објава го споменува и шефот на АНБ, Виктор Димовски, но и советникот за безбедност на Заев, Зоран Верушевски.

-Колегите и „пријателите“ во Скопје се обидуваат да го свртат вниманието од огромниот скандал со лобирање што ги поврзува со словенечката фабрика за клевети ИФИМЕС. Наместо да кажат едноставно „извини, погрешивме“, тие се обидуваат да го изиграат како крадец кој вика дека го држи крадецот. Тие дури и не можат да ја сокријат својата паника околу трагите на пари кои одат во лобисти во Љубљана. Или како се финансираа „Словенците“ и особено како тие продолжуваат да бидат финансирани и „насочувани“ од владата во Скопје против Софија.

Сè е познато, „колеги“, ќе се обидеме многу брзо да ги откриеме Европејците! Би сакал да потсетам дека во предметните анализи, направени од советниците на Заев, Бугарија е претставена како „вештачка држава“, без Бугари, но населена со „насилно бугаризирани и оковани Македонци“. За нив Бугарија беше и продолжува да биде „фашистичка држава“. За нив канцеларката Меркел е „шеф на балканската мафија во ЕУ“, а со нејзината партија ЦДУ се „тајни фанови“ на нацизмот и Хитлер.
Не го барајте скандалот на друго место, тој е со вас, „колеги“, во вашиот двор и е огромен, европски!

ПС: На фотографијата од конференција организирана од словенечки лобисти од ИФИМЕС, премиерот Заев може да се види покрај неговите двајца советници – шефови на ИФИМЕС – на кои се наоѓаат звучните словенечки имиња Зијад Бечировиќ и Бахтијар Алиаф. Пред нив се „колегите“ Виктор Димовски – шеф на АНБ (Агенција за национална безбедност на РСМ), Зоран Верушевски – советник за национална безбедност, како и неговите српски советници Зоран Башановиќ и Александар Обрадовиќ, пишува на Фејсбук, Каракачанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This