KATACTPOФА: Реализирани само 14% капитални инвестиции, Анѓушев ветува подобра година од лани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако до крајот на мај реализацијата на капиталните инвестиции изнесува неполни 14% или биле потрошени едвај 58 милиони евра, вице-премиерот Кочо Анѓушев уверува дека проблемите биле веќе детектирани, изградбата напреднала веќе од јуни, па подобри резултати ќе имало во втората половина од годинава.

Реализацијата на капиталните инвестиции годинава ќе ги надмине ланските 65%, тврди вицепремиерот Анѓушев.

„Реализацијата на капитални инвестиции се мери на годишно ниво и јас верувам дека годинава тие ќе бидат многу подобро реализирани од претходната“ – рече Анѓушев.

Од Владата очекуваат да биде откочена и една од клучните делници во изградба, автопатот Кичево – Охрид.

„Ги решивме техничките пpoблеми, ги paзрешивме пpoблемите со договорите. Направивме заштеда од 90 милиони евра во тие договори. Сега очекуваме да се продолжи кредитирањето од Ексим банката, кое престана на 15 јануари. Финансирањето е спорно и тоа не зависи од нас туку од кинеската Ексим банка. Деновиве очекуваме информации за тоа. Доколку тие информации не стигнат брзо ќе бараме други начини и патот ќе продолжи интензивно да се гради, изјави Анѓушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This