Koга ce caка ce мoжe -доктopите opганизиpaa moбилни тимови за дomaшна пoceта:„Онaмy кaдe нeмa пpocтop, ќе одpaботyваме и од дyшa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доктор Ненад Лазаров кој направи мала револуција на почетокот од пандемијата заедно со своите соработници кога организираше одлична акција за изработка на визири со 3Д принтери, сега повторно има идеја за пофалба.

Тој организираше 2 мобилни тимови кои ќе можат да ги посетат дома пациентите кои се справуваат со корона вирусот, но и сите други кои имаат потреба од медицинска помош.

Дека кога нешто се сака – се може, доказ е и едниот од стативите за инфузија кој е направен со помош од негов креативен пријател кој вели дека споил медицина и музика и креирал пренослив статив.

Објавата на доктор Ненад Лазаров гласи:

„Спремив 2 мобилни тимови, лекар и медицинска сестра, кои со полна опрема и енергија, ќе бидат достапни за преглед на пациенти во домашни посета, секој ден од 8 до 20 часот.

Само за подрачјето на Скопје.

Ќе може секој да си дозволи, за разлика од до сега, онаму каде нема простор, ќе одработуваме и од душа, ние сме народни лекари не „авангарда“.

Освен прегледи и третман дома на COVID19, ќе работиме и со сите останати пациенти.

Ќе овозможиме и секакви други услуги, комплетна лабораторија, EKG, преврски, промена на уринарни катетери.

Сѐ она што дозволува закон и добра медицинска пракса.

Почнуваме од 08.02, за детали ќе ве известам набрзо.

Горд на цела екипа“

„Она кога ќе ти се јави другар ти Ненад Лазаров и ќе ти каже: Брат, ќе идам у домашна посета, народов е жив непрегледан ради Коронава, ми треба пренослив статив за инфузии!

Јас, спајам медицина и музика, и дизајнирам – пренослив статив.

Спешл тенкс на дедото Јонуз Хасан.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This