Koлeмишeвcки: Дa мoжe дa го чye Малecки, Глигopoв ќе се пpeвртува во гpoб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„…Малески ја оправдува и ја брани промената на името на Република Македонија преку Спогодбата со Грција, како и барањата на Бугарија за заедничката историја, македонскиот јазик и писмо.

Несомнено е дека Малески, на нему својствен стил, низ мека мисла и благоглаголив речник, настојува да ги потврди за успешни договорите со двете земји, да укаже на можностите за решавање на настанатите проблеми. Притоа нагласувајќи и согласувајќи се и за жртвите што треба да се дадат, а се поврзани со историското минато и националниот идентитет на Македонците…“ пишува новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски.

Без намера да полемизира, како што вели, Колемишевски вели дека „нема потреба да се докажува дека Малески има приврзаници и поддржувачи за она што го пишува, објаснува, застапува или го предлага како пат за излез, што е нивно неприкосновено право.

Но дали во редовите на поддржувачите би се нашол, дали би се согласил претседателот со Денковите ставови и предлози“?

(…)

За Глигоров, историјата поврзана со Бугарија, Колемишевски за Глигоров вели:

„Иако неговите позиции за периодот 1941 – 1944 некои ги оценуваат како контроверзни, Глигоров беше не само познавач и сведок туку и учесник во воената историја на Македонија. Слободата и формирањето на АСНОМ ги сметаше за круна на македонската борба за самостојна држава, како и за дефинитивно потврдување на самобитноста на македонскиот народ.

Неговото мислење беше дека македонскиот национален идентитет е бетониран и нема сила на светот што може да го доведе во прашање, ниту пак македонскиот јазик и писмо. Тие прашања тој ги сметаше за „одамна завршена работа“.

Моето лично мислење е дека, тој лично, повеќе симпатија имаше кон Грција одошто кон Бугарија, кон која имаше благ подозрив поглед, не им веруваше многу-многу на зборовите на бугарските колеги. Поради тие причини имаше повнимателен став, таква внимателност кон македонско-бугарските односи бараше и од законодавната и од извршната власт – пишува Колемишевски.

Вистина е дека изјави оти Македонците немаат врска со античките претходници, но го потенцира словенството, изјава што, исто така, наиде на критики и потсмешливи коментари.

Но потенцирајќи го словенството, потврди дека Македонија има стара средновековна историја, за која Денко Малески вели дека ја немала, дека Македонија постои од 1944-та. Од таквите ставови, да може да ги чуе, Глигоров по трипати дневно ќе се превртува во гробот, народски речено.

Толку за Денко“.

Извор: Нова Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This