Koпретседавачот на комисијата за историја понуди решение за Делчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фактичната состојба околу решавањето на прашањето за Гоце Делчев меѓу бугарската и македонската страна е дека и двете го перцепираат за свој национален херој, вели копретседавачот на мешовитата комисија за историја, Драги Ѓоргиев, во интервју за Телма.

„Бидејќи и бугарскотот општество и македонското општество гледаат на Гоце Делчев на тој начин јас реков дека решението во овој момент е да се прифатат тие две перцепции, со цел да се надмине овој проблем. Двете општества не се спремни за поинакво решение. Било кое друго решение нема да биде прифатено од соодветното општество“,вели Ѓоргиев.

Комисијата речиси по една година пауза повторно ќе се состане во октомври, а Ѓоргиев вели дека и да не се најде веднаш решение за Гоце Делчев тие треба да продлжат да работат на другите прашања, како што се учебниците.

„Преминувањето кон други прашања, оние од учебниците, на пример може да биде во функција да се надмине претходното нерешено прашање. Бидејќи оставањето простор, условно да кажам, да одлежи тоа прашање, да биде малку заборавено, може да биде предност во понатамошната работа на Комисијата и таа може повторно да се врати на тоа прашање“,вели Ѓоргиев.

Во врска со меморандумот што Бугарија го испрати до ЕУ, во кој се негира постоењето на македонската нација и македонскиот јазик пред 1944 година, Ѓоргиев смета дека тоа нема научна основа.

„Нациите не се создаваат со декрет, ниту нациите може да ги создаде едно лице, едно тело со одлука. Создавањето на нациите е долготраен и многу сложен и комплексен процес. И од тука тврдењето дека македонската нација е создадена со декрет во 1944 година нема асполутно никаква научна основа. Процесот на создавањето на оваа современа македонска нација започнува во втората половина на 19 век и ги поминува сите фази кои ги поминуваат истите други балкански нации, овде во нашето соседство. И нашиот пат апсолутно не е поразличен од патот на другите нации“, додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This