Komитетот за имунизациja смета дека AcтраЗенeka е безбедна Bakцина, ставот на ЕМА се чека поради внимателнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија наредните неколку дена ќе ги следи искуствата и размислувањата во европската агенција за лекови и неколку западноевропски држави, па дури потоа надлежните ќе донесат дефинитивен став дали со вакцината Астра Зенека ќе се вакцинираат и помлади. На брифингот организиран од Лекарската комора, претседателката на Комитетот за имунизација Александра Грозданова рече дека оваа вакцина не е суспендирана во земјава , но поради претпазливост одлучиле да не се дава на лица под 60 години. Таа посочи дека освен Германија на ваков чекор се одлучиле и Франција, а Данска, Исланд и Норвешка ја суспендирале употребата на Астра Зенека.

– „Астра Зенека“ претставува една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација,. Ги следиме информациите, верувајте јас мојата мајка ќе ја вакцинирам со Астра Зенека и на сите мои пријатели им ја препорачувам Астра Зенека, проф.д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.

Професорот Александар Петличковски од Институтот за имунологија потенцираше дека досега во Велика Британија на 18 милиони вакцинирани со Астра зенека, длабока венска тромбоза се јавила кај 4 до 6 случаи на милион вакцинирани британци, а претходно кај невакцинирана популација имало по 10 лица со покомплицирана тромбоза исто на милион жители. Тој рече дека сите вакцини се безбедни дури и за пациенти со сериозни заболувања и претходни алергиски реакции.

-Да внимаваат само лицата кои се алергични на состојките во вакцината, рече проф.д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија.

За трудниците дали да примат вакцина Петличковски рече последниот збор да го каже гинекологот кој ја води бременоста, а пациентите со карцинот, советува да се вакцинираат пред хемотерапијата или недела дена по завршувањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This