Kopoнавируcoт кружел во Италија многу порано од што мислевме: Откриен кај брис на 4-годишно момче направен во ноември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коронавирусот кружел во Италија уште во ноември 2019 година, покажал извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести, што е еден доказ дека вирусот бил присутен во европските земји многу порано отколку што официјално било потврдено.

Истражување кое го спровело Државниот инситут во Милано, објавено во специјализираниот научен магазин „Emerging Infectious Diseases”, покажало дека коронавирусот циркулирал во Милано три месеци пред да биде прогласен така наречениот „нулта пациент“.

Тогаш било прегледано 4-годишно момче со респираторни проблеми, а симптомите биле препишани на сипаниците. Со анализа било утврдено дека нема сипаници, а подоцнежната истрага покажа дека бил позитивен на Ковид 19.

Истражувачи од Универзитетот во Милано тргнале со хипотеза дека наглото избивање на епидемијата во Ломбардија, со катастрофални ефекти, може да се објасни со претпоставка дека коронавирус во популацијата влегла порано и се ширела додека не била идентификувана.

„Идејата ни беше да ги истражиме наназад сите случаи на егзанемтаски (осипни) заболувања кои од септември 2019 до февруари 2020 година биле забележани во миланската мрежа над морбилите и шарлахот, а каде лабораториски истраги покажале дека биле негативни на морбили“, рекол еден од предводниците на истражувањето, Силвио Бјанки.

Се испоставило дека неговите претпоставки се точни. Пребарувајќи сочувани брисеви наишле на еден брис на 4-годишно момче кое бил земен кон крајот на ноември минатата година.

Момчето било донесено во Брза помош поради респираторни симптоми и повраќање, а неколку дена пред тоа почнало да кашла и да му тече нос. Состојбата му се влошила на 31. ноември, а ден подоцна добило дамки на кожата, па лекарите заклучиле дека станува збор за осип. Затоа му земале и брис на 5. декември, значи 14 дена после појавата на првиот симптом, но се покажало дека не станува збор за морбили.

Дополнителната анализа на истиот брис покажала дека бил позитивен на коронавирус, кој тогаш не ни бил земен за набљудување, затоа што не се знаело за неговото постоење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This