Kopoнaтa пycтoши и во БиХ: Ceкoj втop тecтиpaн e пoзитивeн нa виpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина детектирани се 1.555 лица позитивни на коронавирусот од вкупно 3.158 тестирани, што значи дека секое второ лице е заразено. Во последното деноноќие пријавени се и 21 смртен случај.

Тоа е најголем број на новозаразени за еден ден досега, пренесува порталот Klix.

Бројот на новоинфицирани е двојно зголемен во споредба со претходниот ден, кога беа регистрирани 703 позитивни случаи.

Од вкупниот број нови потврдени случаи, во Федерацијата Босна и Херцеговина се регистрирани 909 лица од 1.720 тестирани примероци и 15 смртни случаи. Во Република Српска има 625 позитивни случаи и петмина починати. Во Република Српска за 24 часа се тестирани 1.417 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This