Kopoнaтa cи гo нaпpaви cвoeтo: Дeл oд зaнaeтчиитe вo Охрид ги зaтвopиja дyќaнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата со Ковид-19 ги затвори дуќаните на седум занаетчии во Охрид. Во текот на оваа година клуч на врата ставија дел од занаетчиските бизниси а според трендот и најавите во наредните два месеци бројката ќе се зголемува велат од занаетчиската комора. Во старата чаршија каде претежно работат занаетчиите само мал дел ги отвораат своите дуќани накратко и по неколку часа ги затвораат и си заминуваат велат дека побарувачката е драстично намалена, пренесуваа Сител.

Покрај корона кризата и понатаму актуелен е и проблемот со нелојалната конкуренција. Во Комората е регистриран само еден водоводџија, еден паркетар и двајца молери кои го одржуват цел Охрид што нема никаква логика, вели Богоески.

Од регионалната занаетчиската комора истакнуваат дека занаетчиите што се занимаваат со некои од ретките занаети и претходно биле во криза, а сега со коронавирусот уште повеќе.

Инаку во Охрид има 250 занаетчии, а од година во година опаѓа бројот на ново регистрирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This