January 21, 2022, 11:28 am

Koлкy ce бeзбeдни вakцинитe, ќе се вakциниpaaт и тиe штo пpeлeжaлe кopoнa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нормално е дека вакцината во акутната фаза на инфекцијата не може да се прими. На лицата кои ја поминале инфекцијата со ковид-19, од она што засега е познатото и препорачано, нема да им се негира да се вакцинираат, но тие не се приоритет. Од она што досега го покажаа научните откритија од областа на коронавирус е дека таа категорија во првото тримесечје може да почека, а приоритет да бидат луѓето од ризичните групи – рече инфектологот д-р Цана. 

Вакцинирањето е сериозен и проверен процес, а вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои досега се развиваа и сите други вакцини. Здравствените власти уверуваат дека сите вакцини што ќе пристигнат кај нас се целосно безбедни и граѓаните може да имаат целосна доверба.

Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината, и тоа е добар сигнал за сите граѓани. Здравствените работници беа на првата линија во борбата и знаат колку е опасен вирусот. Доколку тие се вакцинираат, тоа ќе влее поголема доверба и кај граѓаните, вели министерот за здравство Венко Филипче. Министерот нагласува дека вакцинирањето е сериозен и проверен процес, а вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои досега се развиваа и сите други вакцини. Сите вакцини што ќе пристигнат кај нас, уверува тој, се целосно безбедни и граѓаните може да имаат целосна доверба.

-Сите вакцини што ќе пристигнат кај нас, уверува тој, се целосно безбедни и граѓаните може да имаат целосна доверба. Истакна Филипче. Тој нагласи дека е охрабрувачки тоа што, според едно истражување, над 60 проценти од здравствените работници би се вакцинирале против ковид-19.

Филипче најави дека вакцинацијата против вирусот може да биде „виза“ во пасошот на секој граѓанин што планира да патува во странство во иднина. Додека ги чекаме првите дози на антиковид вакцината, кои нема да бидат задолжителни, здравствените власти најавуваат дека сите држави можат да го унифицираат условот за таканаречениот здравствен сертификат за патувања за време на пандемијата.

И инфектологот, Фадиљ Цана за ТВ21 потврди дека вакцините што се во оптек се безбедни, но дека сите што ја прележале болеста, а ја примат нема да имаат ефект. Тој рече дека луѓето кои го прележале вирусот, како посебна категорија, не се приоритет во процесот на вакцинација. Во однос на тоа колку ќе трае имунитетот на граѓаните кои ќе се вакцинираат, Цана рече дека сè уште не се знае колку трае заштитниот ефект.

-Нормално е дека вакцината во акутната фаза на инфекцијата не може да се прими. На лицата кои ја поминале инфекцијата со ковид-19, од она што засега е познатото и препорачано, нема да им се негира да се вакцинираат, но тие не се приоритет. Од она што досега го покажаа научните откритија од областа на коронавирус е дека таа категорија во првото тримесечје може да почека, а приоритет да бидат луѓето од ризичните групи – рече Цана.
Тој вели дека досега нема јасна препорака за вакцинирање на бремените жени или доилките, па од тие причини, не е пожелно таа категорија на население да се вакцинира.
Кога станува збор за несаканите ефекти на вакцините, Цана претпочита да не се гледаат неколкуте случаи, кои рече, се исклучок, туку да се гледа позитивниот аспект на вакцината против ковид-19, која, според него, би ставила крај на вирусот. Фадиљ Цана изјави дека тој ќе ја прими вакцината и ги повика сите да го следат неговиот пример.
-Вакцината е многу безбедна и во моментов е единственото борбено средство, со кое можеме да го видиме крајот на пандемијата – изјави Цана.
Министерството за здравство информираше дека ќе обезбеди 800.000 дози на антиковид вакцината од производителот „Фајзер“. И додека некои земји во регионот веќе започнаа со вакцинација, кај нас првите дози се очекува да пристигнат во февруари. Министерот Венко Филипче рече дека преку директни разговори со овој производител обезбедил вакцини за целата 2021 година. Инаку, вакцината „Фајзер“ се чува во ладилник на -70 степени Целзиусови и е одобрена од американската Администрација за храна и лекови.

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека треба да се почитува временскиот интервал од максимум 42 дена помеѓу администрацијата на првата и втората доза на вакцина против коронавирус, изработена од „Фајзер“ и „Бионтек“, со цел заштитата да биде целосна.

Агенцијата наведува дека доказите за ефикасноста на вакцината се темелат на студија, во која вакцината се давала во интервали од 19 до 42 дена и посочува дека целосна заштита се јавува само седум дена по давањето на втората доза.

-Секоја промена на ова би барала варијација на одобрението за ставање во промет, како и повеќе клинички податоци за поддршка на таквата промена, во спротивно тоа би се сметало за„ неодобрена употреба“, соопшти ЕМА.

Ознаката „неодобрена употреба“ повлекува помалку одговорност за производителите на вакцини.

Бионтек и Фајзер претходно предупредија дека немаат докази дека нивната вакцина ќе продолжи да штити од коронавирус ако се даде втора доза подоцна од тестираното време на испитувањето.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This