Kpивичнa за д-р Гоцe Чакapocки, coвeтникот за здpaвство на 3aeв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот за здравство на премиерот Зоран Заев, Гоце Чакароски доби кривична пријава од МВР откако дозволил негов помлад колега во операциона сала да ја внесе својата сопруга и да и дозволи да оперира и покрај тоа што не била вработена во македонското здравство.

СВР Битола на 08.02.2021 до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против: М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 од КЗ на РСМ и “Фалсификување службена исправа“ по чл. 361 ст.1 и 2, Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 од КЗ на РСМ, А. В (33) од Белград, Р.Србијa, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Надрилекарство“ по чл. 209 и кривично дело “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РСМ. Првопријавениот и второпријавениот како доктори гинеколози во ЈЗУ Клиничка болница- Битола пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле на третопријавената на 01.01.2020 без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка. По завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 01.01.2021 година.“ – велат од МВР.

Докторот Гоце Чакароски беше заменик министер за здравство, а од неодамна и негов советник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This