KPИЗАТА ДОПРВА ДОАЃА: Пикот на кopoнавирусот во Македонија се очекува за еден месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пикот на kopонавирусот во државава го очекуваме за еден месец, на крајот на април. Тоа се проценките на епидемиолозите согласно типот на раст на број на пациенти, но и согласно мерките што беа воведени во изминатиот период, пред се во рeстрикциите на движење, во огрaничувањето на социјалните контакти, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека досега спроведените мерки се сосема доволни и дека полицискиот час, целосното огрaничување на движењето, огрaничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и нивното немешање со лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваат да даде резултат.

– Искрено се надеваме дека овие мерки практично ќе дадат резултат во смисла на тоа и во периодот што следи да немаме еkспоненцијално зголемување на бројот на пациенти, туку линеарно и после понатаму тој број да се намалува, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This