За 50% односно за четири нови лица е најновиот биланс на заболени од КОВИД-19 (коронавирус), што значи дека во овој момент во Македонија има вкупно 13 заболени лица
Според неофицијалните информации на „Инфомакс“, новонастанатата состојба ќе биде дисукутирана на седницата на Владата на Р.Македонија која ќе започне попладнево.
Неофицијално, Владата ќе предложи и воведување на кризна состојба на подрачјето на Дебар од каде се и новозаболените лица.
Претходно, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на прес-конференција повика Владата да прогласи кризна состојба на територија на целата држава.
Со повик за прогласување на кризна, односно, вонредна состојба беше и Претседателот на Р.Македонија Стево Пендаровски кој во понеделник ќе има состанок на Советот за безбедност на кој ќе присуствува и началникот на Генералштабот и министерот за здравство.
Според Пендаровски, во моментов со активности за спречување на коронавирусот се вклучени и претсдтавници на Армијата на Р.Македонија.
A.Mитовски