Анкета спроведена во 596 компании во земјава, во рамки на проектот на УСАИД, покажува дека само 13 отсто од компаниите во земјава сметаат дека има подобрувања на бизнис-климата, додека 38 проценти сметаат дека условите за водење бизнис се полоши.
Дури 80% од фирмите имаат негативни оценки за борбата против сивата економија.
„ Резултатите од анкетата за 2019 и од претходните години покажуваат дека и натаму треба да се работи на подобрување на регулативата за даноците, инспекцискиот надзор, јавните набавки, работните односи и борбата со сивата економија“, вели Дрилон Исени, извршен директор на СКСЗМ и претседавач на Платформата за јавно приватен дијалог.
Најлоши оценки фирмите дадоа во 2016тата. Тогаш дури половината од нив сметаа дека бизнис климата е влошена.