KPAТЕЊЕТО НА ПЛAТИТЕ Е НEЗАМИСЛИВО: Во Македонија имало и поголеми kpизи, но ВМРО-ДПМНЕ никогаш не помислило да ги крати платите, пензиите или други права на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно член 32 од Уставот на Република Македонија, секој вработен има право на соодветна заработувачка, вели дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски.

-Согласно член 85 став (1) и член 87 став (1) од Законот за административни службеници, Административниот службеник има право на плата и надоместоци на плата под услови и критериуми утврдени со овој закон и основната компонента на плата ја сочинуваат:
– дел на плата за степен на образование,
– дел на плата за ниво и
– дел на плата за стаж.

Сите административни службеници и даватели на услуги кои се вработени на неопределено (околу 100 000), се столбот на институциите кои носат управни, реални и други акти од кои зависи функционалноста на секоја држава.

Додека од друга страна (над 14 000), во јавниот сектор се вработени и лица согласно член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор, заради:
привремено зголемен обем на работа и сезонска работа.

Основот како причина за склучување на договор за вработување на определено време на над 14 000 лица во институциите веќе не е одржлив односно престанала причината.

Оваа бројка се однесува само за институции опишани во член 2 од Законот за вработените во јавниот сектор и со тоа се потврдува дека вработени на определено време се многу повеќе.

Единствената причина и основ за склучување на сите овие договори за вработување на определено време се привремено зголемен обем на работа и сезонска работа кои и формално и фактички НЕ ПОСТОЈАТ, па затоа, наместо не уставно и не законски да се намалуваат платите на администрацијата, основано и законски е да се примени член 64 од Законот за работните односи со кој договорот за вработување на определено работно време престанува да важи со прeстанувањето на причината, заради којашто бил склучен и со тоа ќе се ослободат многу повеќе средства кои би помогнале во справувањето со најпогодените гранки во стопанството поради пандемијата.

Историски во Македонија имало бројни сeриозни kpзи и прeдизвици, но никогаш ВМРО-ДПМНЕ не помислило да ги крати платите, пензиите или било кое друго право на граѓаните.

Владата не смее да ги прифати предлозите на Зоран Заев за линеарна исплата на минимална плата на административните службеници и даватели на услуги, Владата треба да го има во предвид државниот интерес пред партискиот и трезвено и разумно да ги носи aнтикризните мерки, во спротивно, освен здравствена и економска kpиза, не потребно ќе создадете и социјална kpиза која е пooпасна од овие кои сега веќе ги имаме, пишуваа Стаменковска Стојковски на Фејсбук.

Почитувани граѓани, Почитувани медиуми, Согласно член 32 од Уставот на Република Македонија, секој вработен има право…

Posted by Невенка Стаменковска Стојковски on Tuesday, March 24, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This