Mилошоски cвeдочи за 27 април: ВMPO-ДПMHЕ нe ги opганизираше протecтите пред Coбрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгогодишниот пратеник Антонио Милошски се појави како сведок за настаните од 27 април. Тој направи споредба со тогашната конститутивна седница и на сегашниот парламентарен состав. Според него, и сегашниот претседател на Собранието Талат Џафери морал на конститутивната седница морал да ја раздвои втората и третата точка поради тоа што не била избрана Комисијата за избори и именувања.

Секогаш претседател на Собрание се бира на предлог на Комисијата за избори и именувања. Секој член на комисијата има право да предложи претседател на Собранието, објасни Милошоски .

Тој говореше дека не е можно да се прекине одредена точка додека не се исцрпат сите пријавени, но секој пратеник има право да се откаже за што и тогашниот претседавач Вељаноски апелирал.

Милошоски објасни и што се случувало при крајот на работниот ден на 27 април 2017 година.

-При крајот на денот претседавачот Вељаноски имаше состанок со координаторите на партиите по што донеле одлука седницата да трае до 18 часот и да продолжи следниот ден на 28 април. Нешто пред 18 часот Оливер Спасовски побара збор и рече дека има поддршка од десет пратеници и да се прејде на друга точка, но од Вељаноски добил објаснување дека тоа не е можно додека не се исцрпи бројот на пријавени, објасни Милошоски.
На прашање на обвинетиот Ристовски дали партијата на која и припаѓа ги организирала протестите пред Собранието, Милошоски рече дека немало таква одлука.

-Извршниот комитет на партијата немаше одлука и организациски план за протестите, но им дававме морална подршка. Исто како што СДСМ немаше формална одлука, но ги поддржуваше протестите на Шарената револуција, рече Милошоски.
Тој уште објасни дека на 27 април немал никакви контакти со Јанакиески и Ристовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This