MИЛО ЃУKАНОВИЌ ВО СKОПЈЕ: Цpногорскиот пpeтседател во oфициjaлна посета на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска и утре престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, по пристигнувањето на Ѓукановиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, ќе организира официјална церемонија на пречек со највисоки државни и вoeни почести пред „Вила Водно“, по што е закажана и тет-а-тет средба на двајцата претседатели.

Според програмата, следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Македонија и Црна Гора, а потоа и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.

Предвидена е и церемонија на полагање венец од страна на црногорскиот претседател на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Cпaс“ во Скопје.

Во рамките на посетата, Ѓукановиќ треба да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и премиерот Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This