Mитовски за пpecyдата за 27-ми април: Kaј и да е на некој ќе му пykне филмот, пази да не бидеш баш ти „друже cyдија“ кој ќе служи за пример

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот кривичен суд беше осуден на 6 години и 6 месеци затвор, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски на 6 години и три месеци затвор, а поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на 6 години затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните од Собранието на 27 април 2017 година.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски на својата официјална Фејсбук страница ја коментираше одлуката на судот да ги осуди поранешните високи државни функционери на високи затворски казник и покрај недостигот на докази кои го потврдуваат обвинението.

-Бојан Јовановски алијас. Боки 13 денес во затворот Идризово бил пречекан во манирот на Тито. Со ракоплескање од затворениците, скандирање на неговото име, навивање.

Инаку, сместен е во посебна соба, сам со сите погодности (колку што може да приушти еден затвор). Истовремено, Боки барал да биде префрлен во затворот во Штип или во Прилеп каде што има т.н. хашки ќелии.
Катица Јанева не добила ништо. Префрлена е во женското одделение во затворот Идризово. Веројатно, толку и заслужила.

Истовремено, на правдина, без докази, односно со докази кои укажуваат на невиноста на Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристоски, Груевски….осудени се на повеќегодишна робија луѓе кои судот тврди дека организирале „терористички напад“ на Собранието.

Од кога тоа терористи се луѓе кои оргаизираат зурли и тапани, свирчиња, кореографии, а?

Другари судии, време е некој да ве превоспита -само внимавајте, кај и да е на некој ќе му пукне филмот, па да не бидеш баш ти „друже судија“ тој што ќе служи за пример на другите, пишува на Фејсбук, Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This