Mитовски за случајот со Камчев: Бев демонстратор на правен, во животот не сум чул човек толку правно неук како Лиле Стефанова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс Александар Митовски во своето гостување во емисијата Јади Бурек на телевизија Сонце го коментираше односот на СДСМ кон своите неистомисленици.

Тој истакна дека актуелната власта дозволува во јавноста само една вистина, нивната која најчесто е погрешна и сите оние кои ќе се осмелат да се спротивстават ќе бидат казнети на еден или друг начин.

-Се што СДСМ мисли дека е право е право и ти не смееш да им кажеш поинаку. За СДСМ има една вистина иако е таа најчесто погрешна и толку се убедени во таа нивна вистина и колку е таа погрешна, тие се подготвени за таа нивна вистина да жртвуваат луѓе. Тие се спремни да ги затвараат, притвараат, да им уништуваат бизниси, да ги рекетираат, да им се закануваат, да им бркаат деца од работа, вели Митовски.

За пример тој го зема случајот со бизнисменот Орце Камчев кој 8 месеци е во притвор иако во случајот не е првообвинет.

-Еве ја последната ситуација со Орце Камчев. Таму не се бираат средства буквално да го убедат Орце Камчев во нивната вистина. Која инаку е целта да го држиш човек осум месеци во притвор во случај во кој не е ниту прво обвинет туку петто или шесто обвинет и за него се уште нема докази, додаде тој.

Митовски го коментираше и процесот кој го следи одблизу како новинар потенцирајќи дека има големо искуство како демонстратор на правниот факултет, но никогаш во својот живот не слушнал човек толку правно неук како обвинителката Лиле Стефанова.

-Јас одам на рочиштата и ги следам и тие докази кои се изведени се констатации на фактичка состојба. Фактичката состојба е дека имало некакви пари кои што излегле од некоја фирма, таа фирма ги префрлила на друга фирма и таа фирма функционирала. Внимавај, една од тие фирми е Камчев консалтинг, една од тие фирми која е наводно спорна. Ако сакал Орце Камчев да прикрива и пере пари, преку некакви фирми би ја крстил ли фирмата преку која пере пари, Камчев Консалтинг? Нели би ја крстил, „Бурек со Месо“, не би ја крстил Камчев за да биде очигледна. Толку е небулозна ситуацијата, толку е банална, јас Лиле Стефанова кога ја слушам, мислам, како да ти објаснам. Јас имав прилика додека бев на правен факултет да бидам демонстратор, јас немам слушнато човек толку правно неук. Тоа е не знам како да ви кажам, посочи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This