Mитoвcки: Caшо и 3aeв ce вистинстките „pyбља пaтpиoти“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коментирајќи го милионскиот криминал во „ТЕ-ТО“ во вчерашното издание на „Тешки муабети“ уредникот на Инфомакс, Александар Митовски посочи дека единствени „рубља патриоти“ во државата се Сашо Мијалков и Зоран Заев. Терминот „рубља патриоти“ го измисли владината пропаганда како навредлив термин за сите оние кои се бореа против промена на името на државата во изминатиот период. Откако во „Тешки муабети“ видовме слушнавме како Мијалков, но и актуелната власт немаат никаков проблем да соработуваат со руски олигарси и да го крадат македонскиот народ, очигледно е дека тие се вистинските „рубља патриоти“, потенцира Митовски.

-Од овој ексклузивен увид кој што го имавме во овој интернационален криминал, криминал на „дип шит“ од овој аспект станува многу појасно како во Македонија се движат не само економскиот организиран туку како се движат политичките процеси. Од тука станува јасно како и на кој начин е исплатен Зоран Заев, Кочо Анѓушев како вицепремиер зборам тогашен, бидејќи тоа ме интересира најмногу. Според мене најголем јавен интерес е токму промената на името, промената на Уставот и покрај неуспешниот референдум тие го променија името на државата и во тој момент имаше информации дека големи државни функционери се исплатени за ваква одлука преку купување на ЕДС. Но сега станува јасно и како е купена и кој е вмешан. Зошто е ова важно, важно е поради тоа што СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт потпирајќи се на пропаганда за некаква проруска афилијација на тогашната власт, проруска афилијација на луѓето кои што го бојкотираа референдумот, повикувавме на бојкотирање на референдумот. Оние кои што ја бранеа државата, кои го бранеа името Зоран Заев се обиде да ги смести во група на проруски олигарси како на пример Савидис. Не нарекуваа рубља патриоти и слично. Сега од овој аспект излегува дека рубља патриот е единствено Зоран Заев, единствено Кочо Анѓушев. Единствено Сашо Мијалков натоменот бил најголемиот рубља патриот. Кога станува збор за пари нема НАТО, нема ЕУ, нема проамерикански, прозападни ставови. Тогаш се заборава на тие принципи и почнуваме да работиме со руска олигархија, вели Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This