Mитoвcки: Kaко андapтите ќe oдитe до кyќа дo кyќa дa бpoите кoлкy гocти имaмe?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера беа соопштени новите предлог мерки со кои како што се забрануваат поголеми собири во домовите и дома може да и дојдат максимум 4 гости.

– Забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови, и групирање на јавни простори по 22 часот, како и задолжително носење маска на отворено и во затворени јавни простории, се новите мерки на Комисијата за заразни болести што ќе ги достави до Владата на усовјување, со цел да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот. Се забранува групирање во домовите на семејните прослави, слави. Во едно живеалиште сопственици дозволено е да примаат дополнителни четири лица, рече министерот Филипче.

Сепак,Според Член 26 од Уставот се гарантира неповредливоста на домот:

– Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓе, стои во Членот 26 од Уставот на Македонија.

Ова значи дека Уставот ви гареантира дека полицијата не може да ви дојде на врата доколку нема судска одлука, затоа што Членот 26 од Уставот е послилен од обвинителската одлука.

-Многу ме интересира како тоа државата ќе контролира дали за мојата слава дома ќе имам повеќе од четворица присутни.

Како Андартите ќе одат од прозор до прозор, и тие што не слушаат ќе ги тепаат? Ќе ги бесат на дрво во дворот на црквите?

Не знам дали предлагачите на оваа мерка се свесни дека ваквата мерка е противуставна. Имено, со Уставот изрично се гарантира правото на приватна сопственост и правото на приватност, оттука, никој не смее да ги нарушува овие две права, па ни државата или модерните македонски Андарти.

За промена, пробајте да ја најдете грешката во справувањето со коронавирусот кај себе. На пример, донесете стратегија за борба со КОВИД-19 наместо да чекате примери од странски држави и да ги копирате во Македонија.
Престанете, за промена, да импровизирате и да калкулирате со мерките. Власт значи и одговорност и тогаш кога се носат непопуларни одлуки кои можат да влијаат на рејтингот.

И за крај, зошто МВР сега не ви е резервен виновник за состојбата со корона, а, пишува на Фејсбук, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

 

Многу ме интересира како тоа државата ќе контролира дали за мојата слава дома ќе имам повеќе од четворица…

Posted by Александар Митовски on Thursday, October 8, 2020

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This