MИЦКОСКИ: Без темелна анализа за буџетот и штетите од корона кризата како ќе даваат ветувања, знам дека на СДСМ не им тешко да лажат, ама на нас ни е важно што ветуваме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Кога го слушав на прес конференција Љупчо Николовски, вели ќе оделе со маски. Вие на избори маските и митинзите се можеби една од алатките. Основната алатка на која што вие треба да одите на избори е вашата политичка програма која ќе им ја понудите на граѓаните. Каква политичка програма вие ќе им понудите на граѓаните, ако не ги видите и не ги анализирате ефектите од кризата кои ни се случуваат. Денес сме мај јас зборувам за март, јуни ќе дојде ќе зборуваме за април. Како ќе одиме јули на избори кога уште не сме зборувале за мај и не знаеме какви ќе бидат ефектите во јуни, јули. Сакам да ви кажам дека без сериозна анализа, темелна анализа на сето она кое што ќе се случи како резултат на пандемијата на Ковид 19 со кој образ и која честитост вие ќе излезете пред граѓаните, колку да кажете еве ќе водиме политика. Најмал е проблемот дали ќе носиме маски, да здравјето е есенцијално, но што ќе им ветите вие на тие луѓе. Или за вас ветувањето е неважно. Токму тоа е тоа што го зборувам, тоа што ќе го ветиш треба да го направиш, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „А што не е јасно“ на телевизија Алфа.


Тој уште еднаш потенцираше дека се нема јасна претстава што се случува во моментов критикувајќи ги антикризните мерки на Владата во областа на економијата посочувајќи дека тие не вродиле со плод. Како пример тој ги напомена намалувањето на бројот на вработени во индустријата и индустриското производство, клучни економски показатели за една економија.

-Немаме јасна претстава што се случува во моментов. Ние имаме антиципација претпоставки, сценарија градиме стратегија, но ефектите допрва ќе ги гледаме. Еве затоа ви ги споменав овие два статистички показатели за март 2020-та, бројот на вработени во индустријата и индустриското производство, едниот паѓа речиси 5 посто или 4,5 другиот паѓа 13,7 проценти, преработувачката индустрија паѓа со 14,6 проценти. Што е суштина, што 74 проценти од индустриското производство. А ние во таа индустрија ги имаме најголемите извозници кои што се во автомобилската индустрија. Тоа го кажав на еден претходна емисија, дека не очекуваат подобрување на состојвата во наредниот период, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This