April 28, 2024, 12:15 pm

Maксо yдpи по поранешните сопартијци: Еве колку пари зел невенчаниот сопруг на Царовска од една градинка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа во една прилика рече дека сопругот на министерката за образование Мила Царовска преку неговата фирма давал услуги за градинка од градот за неколкукратно поголема цена.

Тој не спомена за која кумановска градинка станува збор, но наведе дека е ангажиран за 7-8 пати поскапи цени и дека морало тој да го добие договорот.

„Кога ја споменавте Царовска. Не сакав да именувам по петти пат исти директор кој пет пати повеќе троши леб од касарната во Куманово. Сопругот на Царовска снима промотивни спотови во градинка за 7-8 поскапи цени од оние што ние ги плаќаме како општина. И тој мора да биде одбран“, наведе Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник е исклучен од СДСМ затоа што се кандидраше на новите локални избори со собрани потписи, а СДСМ го предложи Оливер Илиевски, со кого заедно дебатираа синоќа во студиото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This