Maкco му го плecна на 3aeв: Куманово е ocлободено од 117-та и 18-та македoнcка пapтизанска бpигaдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Кумановои Максим Димитриуевски, без да го споменува, му порачува на преммиерот Зоран Заев дека сите обиди да се изместат фактите се само една реприза од минатото која се повторува на Балканот, како и да е фактите остануваат и не се менливи.

Влеговме во НАТО, чекориме кон ЕУ, таму е нашето место, само како достоинствени Македонци со своја сопствена генеза.

1. Гоце Делчев е темелот и душата на нашата државност. Македонец со јасна визија за самостојна Македонија.

2. Секој јазик е суштината за постоење на еден народ. Македонскиот јазик ниту бил ниту ќе биде дијалект, има своја посебност и кодификација, признаен, потврден и верификуван во светот.

3. Македонија беше окупирана и поделена во втората светска војна од фашистичка Германија, Бугарија и Италија. Македонскиот народ и партизаните се кренаа на востание и во коалиција со антифашистите извојуваа победа над окупаторот. Куманово е ослободено на 11ти Ноември (Сабота) 1944 година од страна на 17та и 18та Македонска партизанска бригада.

Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили (наведени во спомен зборникот 1941 – 45).Одлуките на АСНОМ и АВНОЈ ја потврдија државноста на Македонија а ние како рамноправен народ за прв пат добивме можност да формираме своја сопствена држава во рамки на Титовата федерацијата од која подоцна произлезе независна и суверена Македонија.

4. Македонскиот народ и држава има сопствена историја која е дел од светската историографија, заедно чествуваме и одбележуваме заеднички настани и личности со сите пријатели но само со взаемно почитување и уважување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This