Maкeдонско дpжавjaнство ќе се добивa со yчeничка книшка и cмeткa за cтpyja: Eвe штo ce догoвapaше пoплaднeвo вo Coбранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијанса за Албаниците и Алтернатива, никогаш не изјавиле дека нивниот предлог за Законот за државјанство треба да се земе или остави, истакна претседателот на АА, Зијадин Села, кој што наведе дека на денешната средба со премиерот Зоран Заев, е дискутирано и за предлогот со три сведоци да се дојде до државјанство. Тој додаде дека тие секогаш биле отворени да се најде решение.

– Да, ќе се понуди едно решени кој потворно ќе биде објект на следната средба за да се претвори во текст каде ќе бидат предвидени неколку докази – сведителство, фактура од сметка за струја и др, од кој доволно ќе биде да се исполни еден и по атвоматизам на овие граѓани ќе треба да им се потврди државјанството. Важен е пристапот, рече Села.

Африм Гаши од Алтернатива, во однос Законот за државјансво, рече дека клучни се две-три теми.

– Една проблематика е тоа дека треба да се утврди оти една голема група на граѓани биле жители тука, но со државјанство на Југославија и во време кога Македонија стана суверена тие не успеале да аплицират (за државјанство). Друга клучна тема е и употребата на јазиците. Сигурно и во ова насока ќе побараме да се почитува Законот за јазици. Имаме две пракси, првото е Законот за јазици и европските стандарди. Врз основа на овие две критериуми ќе треба да изнајдеме решение, изјави Гаши.

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, за Радио Слободна Европа ги потврди зборовите на премиерот Заев дека со сведоци нема да се добие државјанство, туку со некаков документ со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Македонија.

Меѓу документите кои се предвидува да важат како доказ се ученичките книшки, здравствените, работничките и штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Македонија. Решавањето на прашањето на државјанство би придонело и во деблокирање на Собранието од илјадници амандмани кои ги достави коалицијата АА-ААА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This