“Maшaлa, мaшaлa..”: Тетовчани нaпpaвилe 12.526 cooбpaќajни пpekpшoци вo 2020 гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анализата на податоците на СВР Тетово, за 2020 година, покажува дека на тетовското подрачје се евидентирани 12.526 различни видови сообраќајни прекршоци. Од сообраќај биле исклучени 2.001 возач, од кои 1.326 кои управувале без возачка дозвола, 64 со несоодветна категорија, 37 со важечка забрана, 403 возачи-почетници и 171 кои управувале под дејство на алкохол.

– Постапувајќи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а поради констатирани недостатоци, односно прекршоци од сообраќај, биле исклучени 830 возила. Најмногу од исклучените возила, вкупно 751, имале истечена регистрација над 30 дена, кај 61 била утврдена техничка неисправност, претежно на сопирачките, а кај 18 претовар, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Откриените сообраќајни прекршоци во 2020 година се санкционирани со соодветни поднесоци. Покрај тоа, времено биле одземени 478 возачки и 582 сообраќајни дозволи, а организирани биле и 4 сообраќајни поуки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This