Majкaта нa „штипcкиoт Питагopa“ нajaви тyжбa нa cyд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мајката на осмоодделенецот Дамјан Давков, штипскиот Питагора, на кој не му беше доделена наградата за освоено прво место по математика од страна на Министерството за образование и наука, со образложение дека се натпреварувал со средношколци најави дека случајот ќе го тера до крај.

Никица Давкова, мајка на Дамјан во својот послeден пост на Фејсбук вели дека по добиеното решение од Министерството за образование ќе ја искористат правната поука и ќе поднесат тужба до Управн суд.

Таа им се заблагодарува на сите кои понудија да ја исплатат наградата.

„Голема благодарност до СИТЕ поединци од Македонија што живеат овде, но и во странство, стопанственици, компании, болници, банки, бизнис сектор, музичари и други кои се понудија да ја исплатат наградата и повеќе од тоа. Принципиелно ги одбивме вашите понуди од причина што не станува збор за материјална корист, туку за подигнување на свеста за третманот на талентираните деца во Македонија. Се надеваме дека ова ќе придонесе за донесување законски решенија за поддршка и помош на потребите на овие деца. Благодарност до сите што дадоа поддршка.

Што се однесува за добиеното Решение од МОН, си има правна поука која ќе ја искористиме и ќе продолжиме понатаму“, пишува Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This