Mapихyaнaтa вo Србија oд вторник ќe ce тpгнe oд лиcтaтa нa нapкoтици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар најави дека Србија во вторник ќе ја тргне марихуаната од листата на наркотици, односно дека веќе се работи на тоа.

„Ние веќе влеговме во оваа проблематика и како членка на ООН, ќе почитуваме сè.  Работиме на тоа и како што тие замислија, нема причина да не се применува, без да се загрозат граѓаните и законодавството“, рече Лончар.

Милош Симиќ од Иницијативата за легализација на марихуана во Србија за Нова.рс изјавил дека очекува позитивни чекори во правец кон непречено користење на канабисот во медицински цели по состанокот со преставници од српското министерство за здравство.

Тој рекол дека има голем број на луѓе кои се лекуваат со канабис во Србија и затоа подложат на кривични санкции.

„Тие се осудени на казни затвор и по неколку години. Ние денеска се обидовме да го решиме тој проблем и направени се првите чекори кон решавање на ситуацијата. Болни луѓе се држат како криминалци и излегуваат во многу полоша состојба“, рекол Симиќ.

Директорот на Институтот за општа и физичка хемија во Србија, д-р Стеван Благојевиќ за Нова.рс рекол дека целиот проблем настанал заради лошите закони и дека е потребно да се направи разлика меѓу марихуаната во индустријата и за лична консумација.

„Потребно е пред се да се разјасни постоечкиот Закон за психоактивни супстанци. Треба да се направи разлика помеѓу марихуаната за уживање и индустрискиот коноп кој сега го одгледуваме. Сегашниот закон тоа целосно го изедначува“, рекол Благојевиќ за нова.рс.

Тој додава дека проблемот е што по ниту еден закон не смее да се преработува конопот.

„Така што вие можете да купите парцела и да засадите коноп, тоа не е никаков проблем. Проблемот настанува кога вие сакате да го преработите тој коноп. СО новиот закон би се направило марихуаната да се користи во медицински цели. Нашиот коноп е под тие 0,3 ТХЦ, што е дозволена граница и тука нема никакви психоактивни супстанци“, вели Благојевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This