Велика Британија иcпpaти итнa мeдицинcкa пoмoш зa Индија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската Влада денеска соопшти дека испрати повеќе од 600 парчиња опрема како итна медицинска помош во Индија, каде има рекорден број на заразени и починати лица од последици од Ковид-19.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека за Индија се испратени кислород и 140 респиратори, што треба да пристигнат во земјата во вторник.

Претходно, Европска Унија најави помош на Индија преку Европски механизам за цивилна заштита. И германската канцеларка Ангела Меркел исто така најви дека подготвува помош за Индија.

Индија со 1,3 милијарди жители, е погодена од нов бран на епидемијата со Ковида-19. Во изминатите 24 часа во Индија регистрирани се 349.691новозаболени лица и 2.767 смртни случаи, а болниците се преоптоварени и немаат кислород и лекови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This