MBP пoчнa ќе ги „пakyвa“: 14 лицa повиkaни нa paзговор за инцидeнтитe на пpoтecтот зa Moнстpyм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Покрај прекршочни ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за внатрешни работи и кои учествувале во насилствата за време на протестот за случајот „Монструм“. Секое од тие лица ќе биде санкционирано. МВР досега идентификувало и повикало на разговор 14 лица, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Протестите кои се одржуваат се демократскји чин за да се изрази ненакво незадоволство од тоа што се случува во општетството. Но тие никако не смеат да бидат нарушување на законскте правила и прописи. Точно е дека е поднесена пријава и против организторот на протестот затоа што, пред се, не се придржувале кон мерките за заштита на здравјето и при тоа не биле испочитувани протоколите. Меѓутоа ќе има и кривични пријави за сите оние кои извшиле оштетување на имотот на државцата, на возилата на Министерството за вматрешни работи. Секој од тие лица ќе биде санкциониран. Ние работевме во единицата за насилен криминал и веќе се идентификувани и во вчерашниот ден се повикани 14 лица кои директно учествувале во ваквите насилства кон објектите или кон имот на државата, рече Спасовски на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата дали ќе бидат покренати кривични пријави за организаторите за протестите за случајот „Монструм“.

Тој појасни дека сите повикани се полнолетни освен едно малолетно лице кое е повикано да дојде со родителот во станица.

-Секој еден кој прави кривично дело не е важно кој е, кавов е, која националност, верска припадност или политичка, не е важно дали е полнолетен или малоетен, мора да сноси одговорност врз основа на законските прописи, рече Сапсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This