Meџити: Aлбанците ќe бидaт нaд 25 oтcтo, нeмa потpeба од дилeми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според сите индикатори Албанците ќе бидат над 25 отсто, изјави координаторот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Изет Меџити и порача дека нема потреба од дилеми за бројноста на Албанците.

– Спорец бројот на ученици, по наталите и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто . Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка било за економски параметри, било за друга природа – рече Меџити.

Тој и порача на опозицијата ако може да придонесе за подобрување на Законот или во неговата практична имплементација. Според Меџити, опозицијата не придонесува за доброто на државата ако го оспоруваат законот. Тој вели дека Македонија доцни со пописот идека е крајно време да имаме попис и да ја знеме точната бројка

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This