NОТ GREAT, NОТ ТЕRRIBLE: Македонија има намера да вложува во нуклeapката „Белене“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АД Електрани на Македонија испрати писмо со намери за вложување во изградбата на бугарската нуклeapна електрана „Белене“, потврди денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачески.


-Владата како државна компанија ни даде задолжение АД ЕСМ да биде носител на овој проект и на 22 август испративме писмо со намери да бидеме дел од малцинскиот акционерски капитал на оваа нуклeapна електрана со можноста до максимум 10 проценти на акционерки капитал и можноста да откупуваме базна енергија до 10 проценти во времетрањење на производството на оваа нуклeapна електрана, рече Ковачески по денешната средба во Министерството за економија со ресорниот министер Крешник Бектеши на која се разговараше за тековните проекти во енергетиката.

Тој посочи дека капацитетот на нуклeapната електрана „Белене“ е проектиран на 2.000 мегавати што значи дека државата ќе може да искористи максимум 200 мегавати што е еквивалент на еден блок во РЕК Битола.

Во моментов се уште ги немаме точните проценки колку би чинела изградбата на нуклeapната електрана, но можеби би стигнала и до 20 милијарди евра. Значи дека ние максимум би можеле да вложиме до две милијарди евра. Треба да се земе предвид дека имале неколку неуспешни обиди за изградбата на нуклeapната електрана. Сепак, треба точно да се направи проценка колку реално ќе чини и колку ние би учествувале во нејзиното финасирање, прецизира Ковачески.

Министерот Бектеши посочи дека Владата и АД ЕСМ покажале интерес и дека ќе купуваат 10 отсто од електричната енергија што ќе биде произведена во „Белене“.

Ќе почнеме разговори со другата страна за да може нашиот дел од инвестицијата да биде и „0“ ако најдеме заедничко решение за ние да покажеме дека како држава ќе купуваме 10 отсто од произведената електрична енергија во „Белене“ имајќи во предвид дека увезуваме над 20 отсто од потребите за струја, рече Бектеши.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This