Oбвинитeлcтвoтo го зaпpe пpoгoнoт врз Синиша Алексовски, советник за бeзбeднocт на Ѓорѓе Иванов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство побарало веднаш да запрат активностите на функционери на МВР назначени од СДСМ кои преку пониски припадници на полицијата вршат прогон врз екс советникот на претседателот Иванов.

Обвинителството реагирало откако припадниците на МВР без никаква основа го повикала во станица Синиша Алексовски за кого Претседателот Пендаровски пред три дена кажа дека добил отказ од Агенцијата за разузнавање цитирајќи погрешни информации за начинот на кој што екс советникот за национална безбедност бил избркан од работа.

Алексовски е повикан во станица за настан кој никаде не е заведен а се случил пред седум недели.

Наводниот настан се случил кога двајца припадници на МВР разговарале на албански јазик со полициски инспектор во близина на Триумфалната порта на крајот на март.

Извори во полициската станица Беко велат дека наредбата дошла од шестата управа на МВР а на инспекторите им било наложено да го повикаат Алексовски иако било јасно дека се работи за политички реваншизам а за настанот не бил информиран ниту шефот на скопското МВР што е нарушување на постапката за што ќе следат процеси.

“Од што се неспособни и не ја познаваат полициската работа не можат ни конструкција да направат. За конкретното повикување во полициска станица да дадам појаснување, нема заведен настан, а најмалку пријава против мене, нема ни констатирани елементи за прекршок, ниту пак ми е изречено усмено или писмено предупредување.

Ме повикуваат во полициска станица зошто заедно со неколку другари, од кои еден е полициски инспектор, пред 42 дена сум бил застанат на пешачки остров кај Порта Македонија и сум разговарал на телефон во време кога поминувал висок функционер. Тешко на граѓаните на Македонија со вакви полициски старешини кои врз основа на фикција повикуваат граѓани во полициски станици.

Воедно за непрофесионализмот на полициските службеници кои без да преземаат полициско овластување против мене и лицата кои беа со мене си дозволиле само мене да ме вградат во полициска белешка како и очајниот обид за моја дискредитација е известена Внатрешната контрола во МВР”, изјавил Алексовски за “Фокус”.

Според информациите на Фокус од МВР, настанот се случил на 27 март, односно пред повеќе од месец и половина, а високиот функционер е претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Од Министерството за внатрешни работи за “Фокус” официјално потврдија дека Алексовски бил повикан на разговор во полициска станица за неовластено снимање на возило на државен функционер, но Обвинителството констатирало дека нема елементи за постапување.

“Денеска С.А. беше повикан на информативен разговор во ПС Центар во врска со неовластено снимање на возилото на висок државен функционер кај Порта Македонија. Известен е јавен обвинител при што е констатирано дека нема елементи за негово гонење”, се вели во официјалната изјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This