Oбeзбeдeни нeгyвaтели зa cтapитe лицa oд oпштинa Kиceлa Boдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тече обуката за негуватели за стари лица кои ги ангажира Општина Кисела Вода во соработка со УНДП. Преку програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Се грижиме за возрасните”, беа избрани невработени лица кои ќе им помагаат на стари лица кои живеат сами и имаат потреба од помош во извршување на секојдневните обврски и активности.

До крајот на месец мај, еднаш до два пати неделно, во времетраење од два до четири часа ќе се грижат околу одржување на хигиената во домот, набавка на прехранбени производи и лекови, придружба при посета на лекар, фризер, прошетка, плаќање сметки и други потреби кои ги имаат старите лица. Дополнително, ќе им биде обезбедена и психо-социјална поддршка за да се надмине чувството на страв, немоќ, немотивираност и неизвесност, кои особено се зголемени кај повозрасните во последниот период како последица на ситуацијата со КОВИД-19. Со цел да се намали нивната исклученост од социјалните контакти, онаму каде што постојат услови за тоа, ќе бидат подучени како се користи технологија за онлајн комуникација. На овој начин, тие преку корисење на социјалните медиуми ќе можат да остварат виртуелни средби со семејството, пријателите и врсниците.

Изборот на старите лица кои ќе ја добиваат услугата, го прави Општина Кисела Вода заедно со Здружението на пензионери-Кисела Вода, со кое беше потпишан Меморандум за соработка.
За времетраењето на обуката и работното ангажирање, негувателите ќе добиваат паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари, бруто износ. Средствата се обезбедени преку финансиско партнерство на локалната самоуправа со УНДП, каде УНДП учествува со 80% од финансирањето.

Општина Кисела Вода, преку Секторот за локален економски развој го спроведува овој проект во соработка со УНДП уште од 2015 година. Преку него, досега беа времено ангажирани дефектолози, негуватели, логопеди, лични и образовни асистенти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This