Oвa ce имињата зa дeл oд кaндидaтитe зa гpaдoнaчaлници нa ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, објави нова листата на кандидати за градоначалници кои ќе се тркаат на локалните избори во октомври, додека преостанатите ќе бидат познати во наредните денови.

„На некои места одиме со поддршка на истакнати интелектуалци, доктори, стопанственици, кои се нова генерација на политичари кои што ќе работат за доброто на народот“, рече Николоски, кој напомена дека кандидатот за градоначалник на Скопје ќе биде познат до крајот на август.

Кисела Вода – Орце Георгиевски, организациски секретар на партијата

Сопиште – Стевче Трповски, актуелен градоначалник

Центар – Наташа Котлар, доктор по компаративна историја

Кочани – Љупчо Папазов, бизнисмен

Петровец – Борче Митевски, актуелен градоначалник

Илинден – Александар Ѓоргиевски, магистер по политички науки од МТСП, советник во општината

Штип – Иван Јорданов, актуелен пратеник

Велес – Марко Колев, од невладиниот и од бизнис секторот

Радовиш – Александар Ристов, експерт од областа на енергетиката и стопанственик

Конче – Златко Ристов, детектив и поранешен бранител

Босилово – Ристо Манчев, магистер по економски науки и консултант

Валандово – Тони Узунов, стопанственик

Богданци – Маријан Пеев, вработен во општината

Дојран – Филип Дончовски, инженер по шумарство и раководител на прочистителна станица во Нов Дојран

Гевгелија – Андон Сарамандов, стручњак по земјоделски науки

Неготино – Горан Стојанов, доктор интернист и раководител на Итната медицинска помош

Демир Капија – Андон Донев, наставник

Росоман – Тихомир Николов, ИТ-инженер

Прилеп – Борче Јовчевски, сметководител во Агенцијата за храна и ветеринарство

Кривогаштани – Александар Богдановски, раководител

Могила – Слободанчо Саботковски, земјоделец и агент за продажба на осигурителни полиси

Новаци – Стевче Стевановски, агроном

Вевчани – Спасе Кочовски, социолог

Брвеница – Јовица Илиевски, здравствен работник во Клиничкиот центар Тетово и физиотерапевт

Јегуновце – Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг

Гази Баба – Бобан Стефковски, магистер по безбедносни науки од Министерството за труд и социјална политика, совеник во општината

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This