Oвa e виcтинcкoтo лицe нa “бopбaтa co лaжни вecти”, пpoдyциpaнo диpeкнo oд мeдиyмcкиoт пaж нa Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е вистинското лице на Заев, ова е вистинското размислување на Заев, ова е диктиран текст од Заев објавен преку неговиот безпоговорен извршител, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, после скандалозниот објавен текст на порталот Мактел на Саше Ивановски Политико кој што важи за жесток поддржувач на актуелните политики на власта на Заев.

Ова е чиста лага и измислица, намерна конструкција изведена и во наслов кој што треба да креира целосно извртена и лажна слика за опозицијата и Христијан Мицкоски.

Ова е честитката на Заев за Божик до Мицкоски, ова е и негова лична честитка, ако сакате, и за именденот на неговиот политички ривал.

Ова е демократскиот капацитет на Заев диктаторот!

Ова е вистинското лице на “борбата со лажни вести”, продуцирано директно од медиумскиот паж на Заев!

Срамно и подло, за време на ваков семеен празник, во вакви тешки времиња!

Оттука, јас инсистирам на реакција со осуда од новинарските здруженија и реакција од телото за Етика.

Истовремено инсистирам и на извинување и директен укор од владиното тело за борба со лажните вести.

И на крај, но најважно, инсистирам на извинување од Зоран Заев до Христијан Мицкоски за ваквиот однос од неговиот близок соработник кон лидерот на опозицијата!

Во спротивно ќе покаже дека навистина е негова нарачка!, пишува Стоилковски во својата објава.

Ова е вистинското лице на Заев, ова е вистинското размислување на Заев, ова е диктиран текст од Заев објавен преку…

Posted by Naum Stoilkovski on Thursday, January 7, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This