OДБИJA ДА КОМЕНТИРААТ: Министерството за пpaвда не го коментира мислењето на Венецијанската комисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за правда нема да го коментира мислењето на експертите на Венециската комисија за Законот за јазиците сè до неговото усвојување од комисијата кога станува официјално.

Мислењето на експертите на Венециската комисија е класифицирано сè до неговото усвојување од Комисијата, кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да го коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на спроведување на препораките содржани во него, изјавиле за МИА од Министерството за правда.
Според оценките на Венециската комисија, Законот за јазиците ќе го загрози функционирањето на целиот судски систем.

„Многу одредби од Законот за јазици (од 2018 година) ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици., објави Плусинфо.
Според мислењето на Венециската комисија, во одредени области законот оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случај со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена

Ова се дел од оценките во нацртот на заклучоците на Венециската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври. Нацртот бил подготвен на 27 септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This