Oд понеделник нови мepки и pecтрикции поради шиpeњето на Koвид 19?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во новата работна недела ќе се знае дали ќе има рестрикции поради коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Сител телевизија, по најавата на премиерот Зоран Заев дека во понеделник ќе заседава главниот кризен штаб, изјави дека викендов ќе се анализира состојбата за коронавирусот, а во понеделник ќе се одлучи дали има потреба од нови рестриктивни мерки.

„Ќе ги реферираме анализите коишто важат за двонеделните процеси во деновиве што се пред нас и врз основа на тоа ќе се носат одлуки“, истакна Филипче.

За Неготино и Гевгелија кризните штабови бараат полициски час поради брзото ширење на вирусот.

Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This