Oд пeтoк фajpoн вo 18 чacoт: Kaфeaнитe и кaфyлињaтa пpeд цeлoceн koлaпc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Угостителите се револтирани и бараат итна средба со премиерот на која заеднички ќе бараат начини за надомест на штетите кој ќе настанат поради примена на новите рестриктивни мерки. Според нив, новите мерки ќе придонесат за целосен финансиски колапс на угостителите и бизнисите од придружните индустрии. Угостителите сметаат дека сузбивање на епидемијата нема да се постигне доколку угостителските објекти работат ограничено додека другите сектори функционираат редовно.

Не запираат реакциите на угостителите поради новите рестриктивни мерки со кој се ограничи работното време до 18 часот. Новото работно време кое ќе зпочне да се применува од петок според нивните пресметки ќе им донесе загуби од 18 до 22 милиони евра. Поради тоа, угостителите ќе бидат принудени повторно да направат рационализација на трошоците и намалување на бројот на вработените, со исклучок на оние што користат субвенции за плати и кои се принудени да ги задржат своите вработени и во наредните два месеци. Тие бараат одговор од Владата како ќе им се надомести штетите кој ќе настанат поради новите рестриктивни мерки, кој се некоординирани со соодветна финансиска поддршка и ги води во целосен колапс.

Од Независната угостителска комора заедно со повеќе здруженија на угостители бара итна средба со премиерот на која ќе се разговара за новата мерка со која се скратува работното време и за неопходноста од носење на посебен сет мерки за финансиска помош за овој сектор.
– Мерките се одлични ако ги споредиме со мерките од соседството и земјите членки на Европската унија. Сметаме дека новите рестриктивни мерки не се популарни не заради самите нив туку заради неодговорноста на Владата веднаш со усвојување и донесување на истите, не усвои начини на обесштетување на угостителите или соодветна финансиска поддршка и помош за надомест на штетите што ќе настанат како резултат од нивната примена, велат од Комората и бараат заедно со Владата да ги дефинираме насоките за егзистенција и опстанок на угостителската индустрија.
И од Туристичко-угостителската комора на Македонија сметаат дека новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата се непрецизни и селективни поради што се доведува во прашање ефектот кој се планира да го постигнат. Неопходно е воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки да биде паралелно проследено со обезбедување на соодветни економски мерки за поддршка на секторот.
– Повеќе пати досега беше изнесено барање Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да презентираат епидемиолошки анализи кои ќе покажат дека угостителството е поголема причина за ширење на заразата, отколку некои други сектори како меѓуградски и градски транспорт, работа на шалтери, работа во големи работни колективи, партиски активности. Досега не се презентирани такви податоци, поради што мора да заклучиме дека угостителството е избрано за рестрикции како пример за пред јавноста, поради немањето желба или можност власта да се справи со други жаришта. Највидлив пример за несоодветното однесување на надлежните институции е нереагирањето на прославите кои беа организирани во партиски штабови надвор од сите протоколи, без дистанца и со блех-музика, истакнуваат од Туристичко-угостителската комора.
Угостителите сметаат дека сузбивање на епидемијата нема да се постигне и доколку угостителските објекти работат ограничено додека другите сектори функционираат редовно. Во такви улови луѓето само ќе се префрлат од угостителските во другите објекти кои работат. Исто така нејасно е и каков ефект ќе даде ограничување на работењето на угостителските објекти во земјава, ако не се забрани патување во странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This