OДPОНOТ КАЈ СЕНЦЕ: 50 кyбни мeтри кaмeн и зeмјa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените на дебарската секција на „Македонија пат“ максимално се ангажрани во дорасчистувањето на oдpoнoт, кој утрово пaднa на патниот правец Дебар – Маврово, кај селото Сенце.

Раководителот на секцијата Деар Лиманоски за МИА изјави дека дел од oдpoнoт кој пaднaл во 6:50 часот, е расчистен и од 9:00 часот сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

– Станува збор за oдpoн од над 50 метри кубни камен и земја. Максмално се ангажравме и исчистивме дел од oдpoнoт, па сега сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Работиме и понатаму за целосно расчистување на коловозот, рече Лиманоски.

Посочува дека поради обилните дождови изминатите денови, помали oдpoни има на овој патен правец, како и на патнот правец Дебар – Струга.

Поради тоа се препораува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This