Oниe кои сега opганизираат конгpecи пpeтxoдно го oрганизиpaa 27 апpил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски коментирајќи ја Иницијативата за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ истакна дека дел од тие луѓе кои сега организираат конгреси претходно го организираат 27 април.

Митовски истакна дека за процесот Таргет- Тврдина имало состанок помеѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков на кој била договорена пресуда од 3 години за Мијалков, а на апелација би можела да се анулира таа казна.

-Од она што го кажа Дешо во емисија кај нас, тој кажа дека до него по грешка стигнале документите на Интерпол во кои се содржани сите искази, изјави, сведоштва, докази за да бидат овие луѓе ставени во затвор. Од тоа што тој таму го има видено, а го зборуваше кај нас во емисија конструкцијата на Русковска е целосно невистинита во рамки на можностите, тој се наоѓа во азил, а има и семејство. Од тоа што го кажа Дешо може да заклучите дека точно знае што се случило на 27, кој се луѓето позади 27 април и дека постојат кои посочуваат директно на организаторите кои сега сакаат да прават конгреси и да владеат од премиерски и министерски позиции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This