OСМАНИ KOHTPA ЗАЕВ: И во Прилеп и во Велес треба да има двojaзични табли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Бујар Османи не се согласува со изјавата на Зоран Заев дека двојазичните табли постојат само во средините кадешто граѓаните од албанска етничка заедница се повеќе од 20 проценти.

Според Османи, општина Прилеп, во која е и Долнени, бројката е над 20 насто, што значи таблите треба да бидат двојазични, исто како што е и општина Велес во која со селата има бројка од 20 насто албанско население.

Законот е јасен и не треба да толкуваме ние политичарите, да оставиме агенцијата и инспекторатот да го имплементираат, додаде Османи.

Заев, пак, денеска изјави дека двојазичната табла поставена на зградата на Јавното правобранителство во Струмица наскоро ќе биде отстранета бидејќи е поставена по грешка оти во Струмица нема повеќе од 20 проценти население од албанска етничка заедница.

Во Кочани беше отстранета и на други места се отстранети, така што низ призмата на чесното почитување на Законот, она што законот го предвидува е практичната потреба на граѓаните. И употребата на јазикот е заради практична потреба, не е за изнаселување на една заедница врз друга, туку за меѓусебно почитување на правата на употребата на мајчиниот јазик, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This