Oтидe и jaзикот и идeнтитeтот: Ocмани го coветува Maлеcки кoj твpдeше дека Дeлчeв и Миcиpкoв ce Бугapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според Османи позициите на земјата се јасни, но нетреба да се оечкува во вторник да се затвори прашањето Македонија- Бугарија туку само да се задржи довербата во процесот.

Доколку двете земји до вторник не се усогласат и тоа го стават на хартија на онлајн конференцијата на Советот на ЕУ за општи работи нема да се одлучува за Македонија, обајсни министерот Османи. Османи денеска потврди дека ги користел услугите како советник на Професорот и прв македонски министер за надворешни работи, Денко Малески, кој пак оваа пролет во разговор за бугарската телевизија „Европа“ во емисијата „Слободна зона“, зборуваше за македонско-бугарските отворени прашања, притоа декларирајќи го Крсте Петков Мисиреков за бугарин,а Гоце Делчев со буагарско национално чувство, на што наиде на критки кај овдешната стручна јавност и публика.

Додека Македонија одборјува до состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, Бугарија која што тврди дека не се почитува три години стариот договор за добрососедство преку претседателот Румен Радев синоќа одново ги нагласи црвените линии на земјата. Бугарија мора да ги одбрани својата историја, јазик и идентитет, вели Радев за националната телевизија БНТ.

Владата превзема инцијативи, но за нив се молчи вели шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на само три дена пред наредното соочување на Бугарија и Македонија во Брисел, по најавата за дефинитивно вето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This