Oткако бpaт и му откажа „љубов“ на Шилегов: Paзрешена Нора Шаќири од функцијата директор во Театар Комедија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нора Шаќири Марковиќ е разрешена од функција в.д. директорка на „Театар комедија“, потврдија од Министерството за култура за МКД.мк. Одлуката за нејзино разрешување ја донесе министерката за култура Ирена Стефоска по добиениот извештај од Државниот инспекторат за труд. За нова директорка е назначена актерката Магдалена Ризова Черних, пренесува МКД.мк

Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34, став 1, алинеа 3, од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес“, се вели во одговорот за МКД.мк од Министерството за култура.

За нов в.д. директор на НУ „Театар комедија“ е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот, информираат од Министерството.

Инаку, минатата недела во театарот влегла вонредна инспекциска контрола по пријава, според која, како што тогаш беше објавено во некои медиуми, Шаќири-Марковиќ вршела мобинг и психичко вознемирување врз вработените во „Театар комедија“.

За медиумите тогаш таа изјави дека таквиот навод не е точен и дека е најдобро да се прашаат самите вработени и додаде дека „Театар комедија“ токму сега, иако уште е пандемиско време, работи со полна пареа и има претстави кои се добро посетени.

Проблемите на за Нора започнаа откако нејзиниот брат Бени Шаќири се кандидираше за градоначалник на Скопје и не му даде поддршка на Петре Шилегов за вториот круг од локалните избори во Скопје.

Извор: МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This