OЧAJHИЧКИ ПOTEЗИ, НА ЗАЕВ : Власта ја “плaши’ Европската Унија, ако нема датум тука се Русија, Турција и Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција оценува дека ЕУ се соочува со премногу предизвици – вклучувајќи го и планираниот излез на Британија, Кина, миграцијата и безбедносните закани што ги поставува Русија за да дозволи влез на уште две држави од Балканот, регион кој сè уште има последици од војните во 90-тите години и се бори со криминал и корупција. Од друга страна францускиот став предизвика загриженост за натамошно одложување на процесот што може да ги поттикне балканските држави да развиваат поблиски врски со Русија, Турција или Кина. Во Берлин, пред денешниот редовен годишен германско француски самит владин претставник изјави дека ова е приоритетна работа за Германија и стратешко прашање за ЕУ, пренесува Радио Слободна Европа на македонски

Ова е уште еден очајнички потег на пропагандната машинерија на Зоран Заев да издејствува датум за преговори со Европската Унија и покрај подемот на корупцијата и криминалот, аферите Рекет, политичкиот прогон и целосното укинување на правната држава.

Станува збор за бледа пропаганда и катастрофална стратегија на македонската делегација на чело со Зоран Заев во Брисел која повеќе од веројатно е дека нема да вроди со никаков плод. Обидот за заплашување на европејците со некакво влијание на Турција, Русија и Кина на Балканот веќе не минува, особено ако се земе во предвид дека Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО, воен сојуз кој многу повеќе од ЕУ гарантира западно влијание кај државите членки.

Македонија вчера помина полошо од предвиденото па така претседателството со Советот на ЕУ, со кој раководи Финска, ја повлече и препораката за почеток на пристапни преговори за членство во Европската Унија со Македонија и Албанија.

Според анексот на заклучоците од вчерашниот состанок, Претседателството на Советот на ЕУ донесе одлука за повлекување на препораките за почеток на пристапни преговори со ЕУ за Македонија и Албанија донесена на 19 јуни годинава.

Што е следно, Канада е под закана од руско, турско и кинеско влијание бидејќи не членка на ЕУ? Очај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This