OEЦД БИЛE ПPOТИВ ВАКВО СПOJУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ – Со кого се консултиpaла Царовска?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спојувањето на предмети и укинувањето на одредени како посебни според новиот најавен концепт на МОН и министерката Царовска, за основно образование предизвика лавина реакции кај експертската јавност која речиси едногласно го отфрла концептот.

Особено внимание предизвика укинувањето на историја како посебен предмет и негово спојување со географија, граѓанско образование, философија и антропологија. На оваа идеја се спротивставија буквално сите засегнати страни како Институтот за историја на Филозофски факултет, Асоцијацијата на наставници по историја, МАНУ, но и студентите по историја.

Иако Царовска се обидува да ја убеди јавноста дека вакво спојување на предмети постои во цела Европа, и дека е по фински модел, пристигна демантот од Финска. Но, тоа што е поважно што на вакво спојување на природни со општествени науки, се против и од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) која го организира меѓународното ПИСА тестирање и кои заедно со УНИЦЕФ ги работат извештаите за квалитетот на образованието.

Тоа уште на крајот на 2019 година го потврди претходниот министер за образование и наука Арбр Адеми, кому на конференција на ОЕЦД во Париз му било укажано дека не се препорачува такво спојување.

„Спојување на ликовна со музичка уметност. Јас пред 2-3 недели во Париз бев на конференција на ОЕЦД и ова беше критикувано од сите како пристап и не беше препорачливо за земјите тоа да го направат. Или спојување на природни науки со општествени науки, во еден предмет и тоа не е препорачливо. тоа што беше добро веќе е инкорпорирано, рече Адеми за „24 Отворено“ на ТВ 24 на во декември 2019 година.

Според Адеми се што препорачале од ОЕЦД и УНИЦЕФ било вметнато во Законот за образование, додека за другите примери од држави кои не дале резултати како намалување на часови по математика или спојување на предмети треба допрва да се анализира. Тогаш е нејасно со кого се консултирала Царовска за овој концепт кога дури меѓународните релевантни фактори се против ваквото спојување на историјата и географијата.

Токму затоа и со право се јавуваат сомнежите за ваквата т.н. реформа во која предметот историја како посебен се укинува во премногу чувствителен период. Најавата доаѓа во период кога историјата ни ја негираат и е предмет на преговори со Бугарија која има став дека Македонија нема своја посебна историја пред 1944 година и бара менување на учебниците по историја особено за основно образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This