Paбoтитe нa мoнтaжнaтa 6oлницa вo Охрид пpивpшyвaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипи на охридските јавни претпријатија го подготвија теренот каде ќе биде поставена модуларната болница во рамки наградската Општа болница. Се очекува за неколку дена да почне и монтажата на објектот што се предвидува да има капацитет од околу 40 болнички кревети.

Директорот на Општата болница во Охрид Горан Балевски изјави дека моментално во болницата се лекуваат стотина пациенти со Ковид-19, со тоа што објектот има околу 15 слободни легла. Балевски уверува дека засега ситуацијата е под контрола, со нагласок оти доколку дојде до неочекуван наплив од ковид-пациенти во градот има уште две квалитетни болници каде што ќе можат да се сместуваат болните.

За монтажната болница тој рече дека со тој објект ќе се добијат дополнителни капацитети, што после епидемијата ќе се користат за потребите на Одделението за геријатрија.

Актуелната ковид-ситуација во Охрид денеска е стотина пациенти, од кои 50 на кислородна поддршка, а десеттина со потешка клиничка слика.

– Секојдневно од час во час клиничките слики на пациентите се менуваат, ова е сепак непредвидлива состојба, никој не може да ја предвиди болеста, но со комплетен капацитет и комплетен напор на Општа болница Охрид се справуваме со оваа пандемија, изјави Балевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This