Paбoтницитe вo вpeмe нa пaндeмиja дoбиja caмo тpoшки oд Шахпаска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се пофали дека владата ја зголемила минималната плата на 14.924 денари. Ова покачување за синдикатите е смешно. Тоа се трошки за работниците, особено за време на корона криза. Тие бараат минималната плата да биде повисока од 16.000 денари, бидејќи во последниот период поради пандемијата, на работниците им се зголемени трошоците.

Ваквото покачување на минималната плата не е доволно со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од Ковид-19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четиричлено семејство, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

И Конфедерацијата на слободни синдикати бара минималната плата да биде над 16.000 денари и при нејзиното утврдување да се изземе БДП. Но, нивното барање е одбиено од страна на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката Јагода Шахпаска, а членовите на ККС биле исклучени од вчерашната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Конфедерацијата го квалификува ваквиот однос како дрзок и арогантен.

-Како синдикати, побаравме од функционерите присутни на ЕСС, годинава да не се земе предвид третиот параметар – БДП зашто знаеме во каква состојба беше државата лани и дека тој е во минус. Побаравме да биде искажана солидарност кон работниците и минималната плата да достигне некое ниво во рамки на кое работниците ќе имаат пари барем за основни средства. Од страна на вицепремиерот Битиќи и министерката Шахпаска бевме одбиени во ова наше барање. Ни беше укажано дека ќе работат само согласно Законот за минимална плата и дека мора да се земат предвид сите три параметри во усогласувањето, истакна претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Воедно синдикатите се жалат дека се под постојан притисок на оваа власт. Но, сепак тие најавија дека ќе го радикализираат делувањето преку организирање протести, па и генерални штрајкови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This