Paзpeшeнa cyдиjкaтa Весна Кичеец oд Охрид, пopaди y6иcтвoтo нa Матилоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судскиот совет на денешната седница разрешил еден судија, а за уште еден утврдил нестручно и несовесно работење. Според неофицијални информации на ТВ24 разрешена е судијката Весна Кичеец од Охрид, која на јавноста и е позната по случајот за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски, 27 годишното момче кое на новогодишната ноќ во 2016-та година беше убиен пред кафе-барот „Табана“ во центарот на Охрид. Истовремено, на Кичеец и се забранува и да суди. Од Судскиот совет официјално не потврдуваат за кој судија станува збор, на веб сајтот објавено е кусо образложение. 

– Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката. 

Според наши извори од Советот, утврдиле несовесно и нестручно постапување во конкретниот предмет со Матилоски, одолговлекување на постапката, а во меѓувреме главниот осомничен, Бојан Угреновиќ побегнал.

Сепак ова разрешување на судијката Кичеец не е конечно, таа има право на жалба во Врховниот суд.  Инаку Весна Кичеец е позната за пошироката јавност и како истражна судијка во случајот „Илинден“, од 2009 година кога потона брод кај кампот Елешец во Охрид, со 15 бугарски туристи. 

Интересно е што на денешната седница во Судски совет  се дискутирало и за кредибилитетот на веќе пензиониран судија. Донесена е одлука дека неодамна пензионираниот судија Трајче Скрчески, исто така  од Охрид нестручно и несовесно работел пред да се пензионира.

Според нашите извори кај Скрчески биле пронајдени триесетина заостанати предмети, а меѓу нив имало и такви за кои не била напишана пресуда и по повеќе од една година. Постапката за Скрчески се водела повеќе од една година во Судскиот совет и таа не е единствена. Еднаш беше разрешен, но по негова жалба одлуката беше укината во Врховниот суд.

Во последните две години Судски совет разреши деветмина судии, меѓу нив и претседателот на Врховен, Јово Вангеловски и неговите колеги Рахилка Стојановска и Ристо Катавеновски.

Извор: www.24.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This