Pacправајте се за 10 или 20 проценти покачување: Со платите и додатоците за 4 години Катица земала 397.000 евра – колку учитeлка со 81 година стаж

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без апанажата специјалната јавна обвинителка Катица Јанева земала плата и додатоци 397.000 евра за помалку 4 години работа, од септември 2015 година до август 2019 година.

На претседател на државата му требаат 23 години да биде претседател, а на премиер и министер за внатрешни им требаат околу 25 години од премиерската или министерската плата да заработат толку.

На министер за финасии, здравство, надворешни работи, економија, правда, земјоделство, екологија итн им требаат околу 27 години да се министри за да со сите плати добијат толку пари.

На лекар хирург на клиника му се потребни 55 години да оперира секој ден за да заработи колку Катица.

На актерите во театрите им требаат 66 години секој месец да земаат плата за да зараборат 397.000 евра.

Учителка која ги учи децата во основно училиште и треба 81 година непрекинато да работи за севкупно да дојде до 397.000 евра.

На илјадниците шивачки во текстилните фабрики и сите што се на минималец им требаат 140 години непрекинато да шијат за да заработат колку Катица Јанева.

Зошто?

Затоа што некому му требаше да се смени името на државата, идентитетот, историјата … и требаше да се острани претходната влада на ВМРО, да се обвинат, да се секој ден по судови, да се целосно дефокусирани, омаловажени, понижени, прогонети кој по затвори и притвори, кој во егзил, кој по судници и да изгледаат позасрамени и полоши од оние кои се согласија да ги распродаваат националните интереси и заради тоа да бидат на власт и да ги остават да го крадат народот.

И ова не е само заради нив. Туку и за памет во глава на сите идни премиери и министри, политички раководства и гарнитури, поединци во и околу политиката, да не им падне на памет во иднина да се борат за државните и особено за националните интереси.
Да си бидат поданици на далечинско. На оние што се подготвени за таква борба да не им падне напамет во политика да влезат.

На народот, да гледа и да учи, кога ќе му менуваат на сила име, историја и идентитет, да не му падне напамет на улица да излегува и да си ја брани државата, како што впрочем горе-долу и беше, ако не ги сметаме оние собири како да е состанок на куќен совет, со еден-два малку поголеми собири од по 2-3 илјади луѓе кој со капче и очила кој под чадор за да не го видат.

Ете затоа!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This